Панел за Западен Балкан: Стабилноста услов за економски раст на регионот
Стабилизиацијата на Западен Балкан претставува клучен услов за обезбедување економски раст на регионт, оценија учесниците на Панелот за бизнис и инвестиции во Западен Балкан, што се одржа денеска во Вашингтон во рамки на Конференцијата за регионот на Атлантскиот совет.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во обраќањето на собирот потенцира дека економијата може да има позитивна улога во стабилизацијата на регионот, но нагласи и дека не е можен економски развој без стабилност.
Осврнувајќи се на регионелната соработка, тој како позитивен пример ги наведе воспоставувањето на царинска унија, заеднички регионален пазар и енергетска заедница,
- Сакам да нагласам дека ние на Западниот Балкан сме најважни економски пратнери едни на други, истакна Дачиќ, додавајќи дека од голема важност се заедничките инфраструктурни проекти како што се изградбата на автопатишта и унапредувањето на железничката мрежа.
Шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли во обраќањето на собирот потеницра дека верува оти Западниот Балкан може економски да напредува, додавајќи дека ефикасната економска соработка е важна за еден регион во кој живеат околу 20 милиони луѓе.
- Статусот кво, политички и економски, мора да се промени, пред се да се унапреди деловната клима и животната средина и да се почитувв владеењето на правото, изјави Пацоли, додавајќи дека е неопходна демократизација и либерализација на пазарот и борба против монополите.
Според него, регионалната економија мора да биде усогласена со европската, поради што е неопходна интеграција на економиите во регионот и деполитизација на државните компании и енергетскиот систем.
- Не верувам дека нашиот регион не е способен да биде напреден. Не сакам да верувам дека ЕУ и САД ќе доволат регионот да се претвори во црна дупка. Регионот може да се стабилизира, но со тешка и заедничка работи, транспарентност и промена на лошите навики, додаде Пацоли.
Инаку, во рамки на Конференцијата во Вашингтон ќе биде презентиран и извештајот на Атлантскиот совет за новата американска стратегија за Балканот под наслов „Балканот напред: Нова стратегија на САД за регионот“.
Ново на Сител
-
Јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Променливо облачно, попладне и вечер на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените