Панел дискусија за младите и медиумите
Панел дискусија на тема „Младите и медиумите“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Коалиција на младински организации СЕГА во рамките на Неделата на граѓански организации.
Целта на овој настан е да се зголеми важноста на присуството на младински содржини во националните медиуми (ТВ, Радио, интернет портали, списанија) во Македонија и да се поврзат одговорните засегнати страни.
На панел дискусијата ќе присуствуваат преставници на граѓански организации, претставници на Министерство за култура, на националните телевизии и радио станици, интернет портали, списанија, претставници на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, други институции и млади кои ќе говорат на темата Младите и медиумите.
Неодамна Коалиција СЕГА направи анализа на присуството на содржини за млади во медиумите и преку оваа активност сака да ги прошири резултатите за присуство на младински содржини, вклучувајќи и дел за младинско информирање.
Ново на Сител
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба