Панел-дискусија за декриминализација на канабисот
Поттикнување дебата за потребата од декриминализација на употребата на канабис во Република Македонија е целта на панел-дискусијата што денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Здружението Млади европски федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија) во соработка со Здружението за канабис и зелени политики - БИЛКА.
Панел - дискусијата е насловена „Декриминализација сега!“, а .според организаторите, говорници се пратеничките на ДОМ и на ЛДП, Маја Морачанин и Јулиана Николова, Дамјан Божиновски од Левица, Наташа Бошкова претставник од ХОПС и Коалиција Маргини и Јанаки Митровски адвокат и член на БИЛКА.
На форумот што ќе се одржи во Кино Култура, се поканети и претставници на граѓански организации, новинари, засегнати граѓани, претставници од дипломатскиот кор во Македонија и претставници од институциите.
Ново на Сител
-
Обвинувања за криминал со превозот на ученици во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема полициска акција - Приведени 23 лица поврзани со криминали во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и Неготино
-
Мицкоски: Уште многу криминали ќе бидат обелоденети во следниот период
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Јове Кекеновски