Панел дискусија „Деполаризација на јавниот дискурс: македонскиот невидлив критериум за членство во ЕУ“

Панел дискусија на тема „Деполаризација на јавниот дискурс: македонскиот невидлив критериум за членство во ЕУ“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки -Скопје (ИОХН-С), во соработка со фондацијата National Endowment of Democracy (NED).
Како што најавуваат од Институтот, воведно излагање ќе има претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, а ќе присуствуваат и Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Ивана Туфегџиќ, независен пратеник во Собранието, Кристијан Кастања, експерт за Балканот и соработник во францускиот Сенат и Катерина Колозова, професор на Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје.
– Република Северна Македонија во изминативе години минуваше низ голема политичка криза причинета од феноменот на заробена држава која се рефлектираше врз институциите, судството и Парламентот со значајни влијанија и контрола врз истите. Иако, обидите за ослободување на Парламентот од страна на извршната власт во неколку наврати се потенцирани, сепак постојат значајни траги и следење на праксата од минатото на рововски забарикадирани односи помеѓу претставниците на двете најголеми политички партии во државава. Така, поларизацијата не е присутна само во Парламентот, туку нејзиниот дух се шири и надвор од него, сè до семејствата и друштвата во државава, се наведува во соопштението од ИОХН-С.
Оттука, како што се вели во соопштението, „деполаризацијата претставува главниот чекор кон ослободувањето на институциите и надминувањето на длабокиот јаз меѓу досега непомирливите и поларизирани страни. Нормализацијата во општеството и плурализмот ќе бидат поттикнати низ политички дијалог меѓу спротивставените политички партии и јакнењето на натпартискиот дух во креирањето на јавни политики“.
Ново на Сител
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
