Пандов: Преку прислушуваните материјали СДСМ се обиде да го намали рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ
Кој и за чии интереси прислушувал беше главната работа која Катица Јанева требаше да ја разреши затоа што имаше две страни, истакна Александар Пандов на трибината одржана во Охрид во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.
-Едната страна е Зоран Заев кој тврдеше дека прислушувани се 25.000 граѓани пред се се од опозицијата, политичари, интелектуалци, новинари. А се утврди дека единствените лица кои биле прислушувани било раководството на ВМРО-ДПМНЕ и сега веќе сфативме дека тие се само со една единствена цел, да се отфрли раководството на ВМРО-ДПМНЕ и да се направи обид за намалување на рејтингот а со тоа да се искачи рејтингот на СДСМ, посочи Пандов.
Тој додаде дека повторно грешат, затоа што на Македонецот по 25 години не може некој да дојде од страна и да му кажува.
-На секој му е јасно дека тие прислушувани материјали пред се излегуваат од Зоран Верушевски, дали го правел тоа за странска служба истрагата треба да покаже, но Катица Јанева тоа го оспорува, потенцираше Пандов.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест