-->
-->
Пандев исклучен во Рим
-->

Горан Пандев доби црвен картон против Лацио во петтото коло во Серија, Александар Трајковски го одигра второто полувреме во поразот на Палермо од Сасуоло. Интер го задржа максималниот ефект, Јуве киксираше против Форсиноне, а Роа загуби од Сампдорија.
Горан Пандев неславно го заврши дуелот против својот поранешен тим Лацио. Македонецот во 86.минута доби директен црвен картон, во борба за позиција тој со лакто го удри во лицето играчот на Лацио Маурисио. Претходно Џенова остана и без Сисоко кој во периодот од 53. до 56.минута доби два жолти картони.
Лацио до победата над Џенова од 2:0 стигна со головите на Ѓорѓевиќ и Андерсон.
Интер забележа нова минимална победа, на „Сан Сиро“ голот на Фелипе МЕло беше доволен за триумф над Верона. Интер е единствениот тим со максимален учинок, тимот на Манчини по пет кола има гол разлика 6:1.
Актуелниот првак Јувентус не успеа да ги освои трите бода против дебитантот во Серија А Фросиноне. Заза го постигна голот за Јувентус во 50.минута, а Фросиноне израмни во 92.минута преку Бјанкардо.
На „Луиџи Ферарис“, Сампдорија и го нанесе првиот пораз на Рома во новата сезона. Екипата на Валтер Зенга стигна до предност во 50.минута кога Едер од слободен удар го совлада Де Санктис. Мухамед Салах го израмни резултатот во 69.минута, кога Рома со сите сили тргна по трите бода, по една контра на Сампдорија несмасно интервенираше Манолас кој ја погоди сопствената мрежа во 85.минута.
Блажчиковски и Калиниќ постигнаа по еден гол за победата на Фиорентина над Болоња. ‘Виолетовите’ со 12 бодови, на табелата, се веднаш зад лидерот Интер.
Киево на „Бентегоди“ му го нанесе првиот пораз на Торино. Голот вреден три бода го постигна Кастро во 75.минута.
Наполи освои само бод на гостувањето кај Карпи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Системската корупција и нејзиното влијание врз евроинтеграцииете низ очите на млад истажувач
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција „Сите за правично судење“
-

Политичка пресметка за РКЕ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во судир за Ацо Ристов
-

Собрание избра: Ненад Савески е нов државен обвинител
-

Поднесени 27 амандмани за законот за јавно обвинителство
-

Полицајците во контрола на Пулс, се воделе од препишан план
-

Една година затвор за насилникот што ја претепа бремената партнерка до онесвестување и ја будеше со вода за да продолжи
-

Превозот останува со иста цена, поскапеа маслото за јадење и јајцата
