Фудбал
21. јуни 2021 - 19:54

Пандев емотивно испратен во репрезентативна пензија

Во 68-та минута од дуелот со Холандија, капитенот на македонската фудбалска репрезантација Горан Пандев ја напушти играта и се збогуваше со националниот дрес.

Цела Амстердам Арена со стоечки овации и аплауз го испратија Пандев до пензија.

Македонските навивачи со скандирање на неговото име му се заблагодарија за сѐ што направи за македонскиот фудбал и националниот тим, посебно за ова деби и историски настап на Европското првенство.