-->
-->
Пандев донесе голема победа против Ерменците
-->
Македонија ја забележа и втората победа во првото натпреварување од Лигата на нации на УЕФА, откако на „Филип Втори“ падна директниот конкурент за првото место во 4. група од Лига Д, Ерменија со 2:0, најмногу благодарение на капитенот Горан Пандев.
И покрај своите 35 години, фудбалерот на Џенова уште еднаш покажа колку значи за тимот на селекторот Игор Ангеловски, откако прво изнуди пенал за водство од 1:0 на стартот на мечот, а потоа во второто полувреме беше стрелец на вториот гол, негов 32. во дресот на националниот тим.
Македонија од почеток тргна напаѓачки во директен дуел со најголемиот ривал за првото место во групата 4 од Лигата Д, и првичниот притисок се исплатеше уште во 13. минута, кога Горан Пандев беше соборен во противничкиот шестнаесетник, а фудбалерот на Лидс, Езѓан Алиоски без проблем го совлада Аирепетјан.
Во 34. минута, специјалистот за слободни удари, Енис Барди не успеа да направи нешто повеќе од 40-тина метри, а тој го повтори тоа и во 42. минута. Македонската одбрана функционираше одлично во првото полувреме, не дозволувајќи им на гостите да направат многу шанси.
Ерменците се заканија на почетокот на второто полувреме, кога Кире Ристевски додаде до голманот Димитриевски, но топката беше пресечена, а вардарецот Тигран Барсегјан имаше совршена шанса за гол. И покрај оваа иницијатива, Македонија го удвои водството во 59. минута, кога по одличното проигрување од Александар Трајковски, Горан Пандев се најде на вистинското место за го запише својот 32. гол во националниот дрес.
Ерменија имаше уште една совршена шанса, кога Хенрик Мхитарјан во 71. минута од мечот упати опасен удар од 18-тина метри, погодувајќи го левиот дирек на Димитриевски, кој веќе беше совладан. Во 78. минута, беше ред на Македонија да се закани, овојпат преку Бобан Николов, чиј обид профуче до дирекот на ерменскиот гол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реакции по извештајот за напредокот на Македонија
-
Рокас: Идентитетот и јазикот најдобро се бранат со членство во ЕУ
-
Георгиев: Спречивме Мицкоски да го искористи ЕП за политичка пропаганда
-
Приведени три лица за кои постои сомнение дека подметнувале пожари
-
18 лица побарале помош на Токсикологија како последица од пожарите
-
Обвинувања околу справувањето со пожарите
-
Охрид доби уште една шанса од УНЕСКО, Мицкоски најави рушење на дивоградбите
-
Девојчето чиј татко ја врза за вратот и рацете е згрижено во установа, мајката не сакала да се грижи за него