Панчо од ДНК со изгореници и на кислородна поддршка
Пејачот на групата ДНК, Владимир Блажев-Панчо има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка по пожарот кој сношти изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што тој настапуваше.
Засега нема информации за другиот пејач на ДНК, Андреј и останатите членови на бендот.
Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 51 лице, а над 100 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според првичните информации, како што кажа Тошковски, пожарот избил поради пиротехнички средства кои се користеле за светлосен ефект на концертот на групата ДНК.
Пожарот избувнал околу 3 часот, неофицијално поради употреба на пиротехнички средства на концертот на кој присуствувале околу 1.500 луѓе, по што настанало стампедо за излез.
Според снимките од концертот споделени на социјалните мрежи, додека пее групата проследено со пламени прскалки, почнува да гори конструкција на таванот која за неколку секунди се разгорува, кусо потоа се обидуваат да го изгасат со противпожарни апарати, при што се слуша глас на микрофон кој вика „Излезете сите“.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски разговарал со генералниот секретар на НАТО Марк Руте
-
Повеќето од починатите, загинале во стампедото
-
Три лица со изгореници од пожарот во Кочани ќе бидат пренесени во болница во Солун
-
ЈП „Градски паркинг“ денеска нема да наплатува паркинг на Клинички центар и другите болници
-
Почина тапанарот од групата ДНК , Горги Горгиев
-
Муцунски: Нема зборови за утеха за оваа трагедија, повеќе држави понудија помош
-
Полицаец на должност загина во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Уставен суд: Не постојат соодветни зборови кои ќе ја намалат тагата, во овие тешки и траорни моменти