Македонија
4. December 2023 - 17:00

Панче Жежовски е пронајден во дупка длабока 3 метри

На 15тина километри од домот, во дупка од нелегален ископ на злато е пронајдено безживотното тело на Жежовски. Церада за автомобил и земја од ископот, 12 дена ги криеле трагите на грозоморното убиство.

„На исклучително непристапен терен, во атарот на велешкото село Рудник е пронајдено безживотното тело на Жежовски. Бил фрлен во дупка длабока три метри“

Вклучената греалка во домот сведочела дека жртвата итно го напуштила домот.

„На крајот од градот во велешката населба Весела долина живеел 74 годишниот П.Ж. Место без многу големо соседство, а во негова близина живеел и еден од осомничените. Малкуте соседи, за Жежовски велат дека бил добар човек и живеел сам. Со неверување ја примиеле веста за неговото исчезнување, вистински шок за нив е инфомрацијата дека е убиен и закопан.

Целиот работен век, Жежовски работел како фризер, беше активен и во политиката, а имаше обид да ја освои и градоначалничката позиција. Веста за неговата смрт, но и вмешаноста на неговите двајца сограѓани ги вознемири велешани.  Го познавале фризерот, едниот осомничен бил познат мајстор со камен, другиот професионален каратист.

На 22 ноември Жежовски излегол од домот, а неговата ќерка за исчезнат го пријавила два дена подоцна. Истрагата и запалениот автомобил, го откриле местото каде се наоѓало неговото безживотно тело.