-->
-->
Панатинаикос со најголема, Ефес со најмала посетеност во Евролигата
-->

Кошаркарите на Панатинаикос ја имаат најголемата поддршка од своите навивачи во Евролигата.
Како што објавија од седиштето на ова елитно кошаркарско натпреварување, тимот на Панатинаикос ја има најголемата посетеност во изминатите девет коло во Евролигата.
Со просечна посетеност од 12.029 гледачи по меч или 63,4% потполнетост на капацитетот на ОАКА арената, атинскиот тим е на врвот на најдобро посетените клубови во досегашниот тек од сезоната. Зад грчкиот тим е литванскиот Жалгирис со просечна посетеност од 11.516 гледачи по меч или 74% од капацитетот, по што следува актуелниот шампион Фенербахче со просек од 11.382 гледачи односно 87,2%.
Најмал број на навивачи во просек на домашните средби имаат Барселона (5.356 или 70,6%) и рускиот тим Химки (5.634 или 70,4%), додека убедливо најслабо исполнета сала е онаа на Анадолу Ефес кого во просек го следат 5.671 гледачи или само 35,4% од капацитетот.
Затоа пак на дуелите на германскиот шампион Бамберг нема слободно место во „Бросе Арена“, бидејќи истата е исполнета до последно место (100%), а нејзиниот капацитет е 6.474 места.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во Комитетот за надворешни работи на ЕП
-
Панел-дискусија по повод една година Влада „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“
-
Таткото на Васил Јованов ќе се гони за поблаго кривично дело
-
Голем број лица гинат во сообраќајни несреќи
-
Религијата мора повеќе да се вклучи во решавањето на светските конфликти, а не преку неа да се разгоруваат војните
-
Преглед на вестите од светот
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина