Македонија
16. August 2018 - 16:35

Паметните екрани позабавни од задолжителните лектири

Матеј е сам во дворот. Во зградата , кај баба му,  има се помалку деца. Најверно друштво му е топката. За 15 тина дена тој ќе тргне во второ одделение, но дотогаш сака уште малку да си поигра, но , како што ни кажа, нема со кого.

Во овој двор порано се слушаше детски џагор, а сега има повеќе автомобили отколку деца, вели бабата на Матеј. Кога ќе го донесат родителите, тој како повеќето негови врсници прво за што ќе се фати е компјутерот.

Освен лектирата, би било пожелно на децата да им се понудат и други содржини, така што седењето на компјутер би  се намалило на минимум, советуваат психолозите.

До почетокот на учебната година,  Матеј уште малку ќе поужива во дворот со топката, дружејки се  со по некое комшивче, со  баба му Маре , но и со компјутерот за да како што вели не му биде досадно