Паметен систем за енергетско управување во четири основни училишта во Скопје
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска потпишало Меморандум за соработка со Македонски Телеком и со четири основни училишта од Скопје со што почнува реализацијата на иницијатива за поефикасно користење на електричната енергија и за унапредување на енергетската свесност во образовниот систем.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека станува збор за прв чекор во воведувањето паметно следење и управување со потрошувачката на електрична енергија во јавните институции, почнувајќи од основните училишта „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров, „Исмаил Ќемали“ во Чаир, „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода и „Лазо Ангеловски“ во Аеродром. Во овие училишта ќе биде инсталирана донација од Македонски Телеком – напредно решение за паметно мерење и управување со електричната енергија (Smart Energy Metering and Management – SEMM).
Решението ќе им овозможи на училиштата да имаат подобар увид и контрола врз енергетските трошоци и ќе поттикне поодговорно користење на ресурсите.
- Енергетската ефикасност мора да почне од основата – од нашите училишта, каде што ги воспитуваме и идните граѓани и идните професионалци. Преку вакви конкретни чекори, ја пренесуваме пораката дека секоја институција, па и секој поединец, има улога во одржливото управување со енергијата. Истовремено, со ваквите проекти ги учиме младите генерации на свесност, одговорност и рационално користење на енергијата – вредности коишто се суштински за иднината што ја градиме заедно, истакнала министерката Сања Божиновска.
Претставниците од училиштата го поздравиле партнерството со Министерството и ја истакнале важноста на ваквите проекти за нивното секојдневно функционирање. Според директорите, ова не е само техничко решение, туку алатка што им помага како институции да бидат поефикасни, поодговорни и да ја вклучат енергетската свест во воспитно-образовниот процес.
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини појаснува дека решението SEMM е целосно развиено од Македонски Телеком. Системот овозможува училиштата во реално време да следат како и колку трошат, со што полесно ќе се идентификуваат можностите за намалување на непотребната потрошувачка и за подобрување на енергетската ефикасност.
- Особено ми е драго што сме дел од овој проект за енергетска ефикасност, со донација на наше паметно решение во четири училишта во Скопје. Во ерата на поврзани технологии, нашата цел не е само да придонесеме за дигитализација, туку и за поздрава животна средина, во овој случај преку намалување на потрошувачката на електрична енергија. Соработката со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и училиштата е многу важна, затоа што само преку вакви партнерства се креираатдолгорочни и темелни решенија, изјавил Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком.
Министерката Божиновска очекува дека сè повеќе компании ќе го следат овој пример и ќе се вклучат во решенија коишто, како што вели, „ќе им помогнат на овие институции полесно и поефикасно да се справуваат со потрошувачката и трошоците за електрична енергија.“
- Компаниите не треба да бидат само технолошки иновативни – од нив очекуваме и вистинска општествена одговорност. Денес, кога сите се соочуваме со енергетски предизвици, особено е важно приватниот сектор да вложува и да помага таму каде што е најпотребно – во јавните институции како училиштата и болниците, порачала Божиновска.
Ново на Сител
-
Предметот за „Пулс“ е донесен во Кривичниот суд, следи оцена на обвинението
-
Собраниска расправа за ребалансот, поднесени над 200 амандмани
-
Во Кичево ќе се гради нов Клинички центар
-
Неправилности во здравството можат да се пријават на веб страницата на министерството
-
АХВ го демантира градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов
-
Разговор со Маријана Милевска, проектна менаџерка во програмата за Обединетите нации
-
Почна расправата за ребалансот на Буџетот
-
Мицкоски: Се бориме да го вратиме тоа што го продаде опозцијата