Палока: Рама купува гласови иако е сам на изборите

Опозициската Демократска партија (ПД) го обвини албанскиот премиер Еди Рама дека купува гласови дури и во оваа изборна трка каде што во повеќето општини единствени кандитати се оние од неговата Социјалистичка партија.
Потпретседателот на партијата, Еди Палока на прес конференција во седитештето на партијата покажа видео запис, во кое како што рече, се гледа како се даваат пари за купување на гласови, од „структуирана криминална група на Социјалистичката партија(ПС) и општина Тирана”.
Палока рече дека веќе идентификувале едно од лицата и оти станува збор за член на избрачки одбор од редовите на ПС.
Тој ги повика граѓаните да се приклучат кон оние кои протестираат пред неколку избирачки места, со повик да не гласаат.
Претседателот на огранокот на ПД во северниот албански град Кукс, Ариф Реџмани пак обвини дека ригионалната болница во овој град е „под клуч“ и граѓаните не може да добијат здравствена услуга,бидејќи, според него лекарите и средномедицинскиот персонал биле ангажрани како членови на избрачки одбори.
Во меѓувреме полицијата потврди дека во изборно место во Шијак, кај Драч уапсила жител на Шијак кој под закана одзел гласачка кутија и го расфрлил гласачкиот материјал. При претрес кај него пронајдено огнено оружје.
-Државната полиција е решена да гарантира непречено одвивање на изборниот процес и да ги заштити основните слободи и права на граѓаните. Секој кој ќе се одлучи да го нарушуви процесот на гласање и слободите и правата на граѓаните ќе одговорат пред законот,стои во полциското соопштение.
Ново на Сител
-

43 заразени со западнонилска треска, вирусот првпат потврден во Центар и Чаир и кај мртов гарван во Скопје
-

Мицкоски: Абази го спаси Филипче, но предметот може повторно да биде отворен
-

Казните од Безбеден град странските државјани може да ги плаќаат електронски
-

Охридско лето – 40 дена фестивалска магија
-

Хаварисаните и нерегистрирани возила во Штип под инспекциска лупа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
