Пали Колефски нов градоначалник на Пустец
Нов градоначалник на општина Пустец, област Мала Преспа е Пали Андон Колефски од Социјалистичката партија.
Тој на вчерашните локални избори освои 1.505 или 66,84 отсто од гласовите додека неговиот против кандидат Едмонд Вангел Темелко, од Македонска алијанса за европска интеграција, 859 гласови или 33,16 отсто. Темелко во три мандати беше градоначалник на Пустец.
Тресет и девет годишниот Колефски родум е од Пустец а живее во Корча, оженет е и татко на две деца. Тој е дипломиран економист и е вработен во Царинската испостава во Корча.
За тоа каков ќе биде соодносот на членови во новиот состав на Советот на општината ќе се знае денес. Кандидатски листи имаа МАЕИ,која на овие избори настапи самостојно и само во оваа општина и коалицијата „Алијанса за европска Албанија“ предводена од Социјалистичката партија. Советот брои 13 членови.
Ново на Сител
-

Муцунски: Веруваме дека во рамките на нашите предлози може да се најде решение за почеток на преговори со ЕУ
-

Ангелов: Значително е влошена состојбата со пожарите на отворен простор
-

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране
-

Се трага по 4 годишно дете од Македонија кое исчезнало на познато албанско летувалиште
-

Срушен е рекордот за ова лето: 21 активен пожар во Македонија
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“

