Палестинскиот водач бара поддршка од Египет против одлуката на Трамп за Ерусалим
Палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера го посети Каиро како дел од неговата регионална турнеја во која бара од арапските земји да се спротистават на американската одлука да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
Абас се сретна со претседателот на Египет Абдел Фатах ал Сиси, со кого договори да продолжат координациите на највисоко ниво по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп. Абас се сретна и со Ахмед Абул Геит, генерален секретар на Арапската Лига, а турнејата на Абас продолжува во Истанбул, на состанокот на Организацијата на исламската конференција.
Арапските и муслиманските земји ја осудија одлуката на претседателот Трамп да ја премести Американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, за која велат дека оневозможува продолжување на мировниот процес, во рамките на кој и Палестинците бараат дел од светиот град да биде под нивна контрола.
Ново на Сител
-
22-годишна девојка од Скопје удрена од таксист
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка