Палчо приложил уплатница од банка од денот на убиството на Вања - Обвинителството не ја прифатило како доказ
Обвинетиот Љупчо Палевски тврди дека бил во експозитурата на Халк банка во Буњаковец на денот на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Тој во листата на докази приложил уплатница со извршена трансакција на 27 декември 2023 година, во 11 часот и 44 минути. Сега од судот бара да се обезбеди снимка од камерите на банката за да се види во колку часот точно дошол во банката и колку време се задржал.
Според обвинителството, пак, Ѓорчевска веќе била убиена до 9 часот и 30 минути, па затоа овој доказ воопшто не е релевантен за случајот.
-Оваа снимка не е од интерес за постапката, бидејќи од презентираните видео записи од ,,Сејф сити”, на 27 декември 2023 година, произлезе дека возилото ,,рено кангу” управувано од Палевски во 10 часот веќе се враќа во политичката партија Десна, а времето од упплатницата е 11 часот и 44 минути, истакна обвинителката.
Ново на Сител
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш
-
Жените од руралните средини како хероини
-
Осми март го наполни Охрид со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Невработеноста во Македонија на најниско ниво досега