Свет
13. February 2017 - 9:03

Пакистан: При напад врз телевизиска екипа убиен е сателитски техничар

Вооружен напаѓач отворил оган врз автомобил на телевизиска екипа во јужниот дел на Карачи, при што е убиено едно лице, соопшти денеска пакистанската полиција. 

Се наведува дека, убиен е сателитски техничар (22) од телевизијата „САМА“, додека екипата снимала прилог за бомбашкиот напад врз полициската патрола. 

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а се наведува дека во Карачи често се случува политичко, етничко или верско насилство.