-->
-->
Паје останува во Вест Хем
-->

Вест Хем нема намера во овој преоден рок да го продаде францускиот репрезентативец Димитри Паје, рекол копретседателот на клубот Дејвид Голд.
Паје, во Вест Хем пристигна во минатиот летен преоден рок од редовите на Oлимпик Марсеј. Францускиот репрезентативец блесна во својата прва сезона во Премиерлигата, постигна 12 голови и запиша 15 асистенции.
Поради добрите игри тој го привлече вниманието на финасиски моќните клубови кави што се Челзи, Манчестер Сити и ПСЖ.
Голд за BBC рекол дека Вест Хем не би влегол во преговори за трансфер на Паје за сума помала од 50 милиони фунти.
„Паје е важен играч за нашиот тим, екипата се гради околу него. Тој не е на продажба“.
На прашањето како Вест Хем може да го задржи својот најдобар играч, Голд рекол: „Ќе направиш да се чувствува среќен“.
„Паје живее во Лондон со семејството, тој е идол на навивачите, сега клубот се сели на Олимпискиот стадион...Ние направивме сѐ што можевме. Се надеваме дека тоа ќе биде доволно“, дополнил Голд.
Димитри Паје на ЕУРО 2016 постигна три гола и заедно со Жиру беше втор стрелец на француската репрезентација која загуби во финалето од Португалија, а УЕФА го избра во најдобриот тим на првенството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Кран-Монтана затворен хотел со пет ѕвезди поради проблеми со противпожарната безбедност
-

Трамп: Неопходен е нуклеарен договор, што ќе го замени Нов Старт
-

Приведен е и вториот осомничен за фрлањето бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
-

Времето денеска променливо облачно со дожд
-

Голема акција на МВР во поранешната фабрика ОХИС во врска со пронајдените 5 тони марихуана
-

Мицкоски: „Безбеден град“ дава резултати – сообраќајките преполовени, прекршоците под 500 дневно
-

Словенечката влада усвои рамка за ограничување на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД
