Бизнис
14. November 2016 - 16:04

Паѓаат цените на становите во Аеродром и во Центар

Поевтинуваат становите  во Центар а поскапуваат во Ѓорче. Кириите пак сегде се намалуваат освен во Гевгелија, каде газдите ги зголемуваат цените за кираџиите. Презаситеноста на пазарот односно поголемата понуда од побарувачката на станови во Аеродром и Центар доведува до благ пад на цените. Ако просечната цена за квадрат, во центарот на Скопје, лани изнесувала околу 1017 eвра, во првиот квартал годинава е 935евра. Како што покажуваат најновите податоци од Регистарот на цени на недвижности на пазарот има над 2500 непродадени станови а се градат нови 5100.

Од крајот на ланската година па се до првиот квартал годинава газдите за кирија на станбен и деловен простор наплатиле околу 2,2  милиони евра. Кон крајот на 2015 година имало регистрирано  околу 1600 закупи а во првите три месеци годинава  имало околу 2800 регистрирани трансакации.

Од јануари до март  годинава се регистрирани  вкупно 5182 продажби.

Најголем дел од продажбите, дури 39 отсто се продажби на земјоделско земјиште односно лозја и овоштарници. По што следуваат становите со 32 % удел. Во периодов се продале само 368 куќи и 287 деловни објекти.