Паднаа серверите на компаниите, апликациите и социјалните мрежи кои соработуваат со „Амазон“

Голем број апликации, веб-страници и социјални мрежи, вклучувајќи ги „Снепчет“ (Snapchat), „Дуолинго“ (Duolingo) и „Роблокс“ (Roblox), од утрово не работат, како дел од дефектот на интернет услугата на трговскиот гигант „Амазон“ (Amazon).
Повеќе од 5.000 корисници на „Снепчет“ пријавија проблеми, а „Амазон веб сервисис“ (Amazon Web Services) соопшти дека има „зголемени стапки на грешки и доцнења на повеќе услуги во регионот САД-ИСТОК-1“, како и оти инженерите се ангажирани во решавање проблеми и пронаоѓање на причината за „падот“ на голем број сервери.
Не е познато точно колку апликации се блокирани поради „дефекти“ во мрежата, а меѓу нив веќе има голем број различни платформи за комуникација и видеоигри, како што се „Зум“ (Zoom), „Клеш ројал“ (Clash Royale), „Мајфитнеспал“ (Myfitnesspal), „Фортните“ (Fortnite), „Сигнал“ (Signal), „Дуолинго“, „Канва“ (Canva) и други.
Експертите тврдат дека повеќекратните падови од овој тип стануваат сè почести бидејќи многу платформи го користат истиот провајдер за своите услуги.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
-

Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
-

Мицкоски: Стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
