-->
-->
Паднаа дилери од Тетово, активисти на СДСМ – на пат да компензираат дрога за БМВ
-->

Во рамки на акција за сузбивање на криминални групи, полицијата уапси три лица од Тетово.
Станува збор за Сами Ф.од с.Одри-Општина Теарце (активист за СДСМ на терен, во првиот и вториот круг од парламентарните избори во 2016 година, го гледате на сликата како го пречекува Петре Шилегов), заедно со неговите соработници: Ферит И. викан Мамли од Тетово и Мендух А. од с. Порој, вчера рано сабајле и ноќта се приведени под обвинение: тргување со опојни дроги и психотропни супстанци, пишува весникот „Вечер“.
Извори од полиција за Вечер наведуваат дека, се работи за фатена поголема количина на доказен материјал пронајден при нивното апсење.
Фатената марихуана Сами Ф. (на сликата) заедно до Ферит И., требало да му ја продадат на Мендух А. кој требало да им плати со БМВ 525. Полицијата ги запрела на пат да ја остварат транскацијата, во Пежо 206 управувано од Илјази, на патот меѓу Одри и Џепчиште и дрогата е пронајдена под патосница, пишува весникот.
Потоа извршен е претрес кај Сами Ф. при што е пронајдено дополнително количество дрога. Сите тројца се изведени пред Истражен судија денеска.
-Станува збор за уште едни соработници на СДСМ од подземјето кои на истиот начин како и претходните од Арачиново, на истиот принцип соработувале и помагале во кампањата на СДСМ. Минатаа недела полицијата го уапси братот на претседателот на СДСМ Арачиново, исто така за тргување со дрога, пишува Вечер.
Шестмина, од вкупно осум осомничени лица, беа уапсени во акција на МВР минатата недела против организирана криминална група која подолго време се занимавала со продажба на разни видови наркотици на територијата на целата држава. Меѓу уапсените е и братот на претседателот на СДСМ Арачиново.
Во акцијата, која МВР ја спровело по насоки од обвинителството, осомничени се лица од Прилеп, Битола и од Арачиново. Двајца од осомничените не се достапни за органите на прогонот.
На петмина од уапсените, на барање на обвинителството, судот им одредил мерка притвор, а на еден куќен притвор.
Како што соопштија од МВР, во текот на акцијата биле запленети околу 700 грама хероин, 250 грама кокаин, помеѓу 8 и 10 килограми марихуана и 570 таблети екстази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
