Падна снег во Турција
Снег падна во неколку турски провинции на брегот на Црното Море.
- Времето вчера беше прекрасно. Се разбудивме наутро - сè беше покриено со снег. Не е зима, туку лето, јуни!“, изјави жител на селото Каврун Јилас, во провинцијата Ризе, пред телевизијата ТРТ Хабер.
Снег падна во голем број високопланински села во црноморските провинции Ардахан, Ризе и Болу, а популарен скијачки центар на вулканот Ерџиес во провинцијата Кајсери во централниот дел на земјата, е исто така покриен со снег, објави Си-Ен-Ен Турк.
Снежна покривка од пет сантиметри има и на планината Улудаг (Олимп) во близина на градот Бурса во западниот дел на Турција. Според ТВ каналот АХабер, минатата недела во оваа област температурата достигна +30 степени Целзиусови.
Турскиот метеоролошки завод предупреди на Твитер за обилни врнежи од дожд низ брегот на Црното Море и ги повика граѓаните да преземат мерки на претпазливост.
Ново на Сител
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
-

Адвокати бараат да прекине судењето за пожарот во „Пулс“
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
