Македонија
8. October 2021 - 14:39

Падна првиот снег на Пелистер | ФОТО

Ниските температури кои деновиве ја зафатија земјава, придонесоа на повисоките места да има и врнежи од снег.

Првиот снег падна на Пелистер, а температурите се спуштија и до 3 степени под нулата, објави бабамбитола.мк.

Ниските температури ќе се задржат и деновиве. На пониските места ќе има врнежи од дожд.