Македонија
26. February 2016 - 13:55

Падна 6+1 на Лото, Маријана усреќи скопјанец со 5.800 евра

Добивка  6+1, вредна 357.463 денари беше извлечена во 16-тото коло во 2016 година на Новолото 7/34. Среќниот добитник Д.У. од Скопје одиграл систем од осум броеви и уплатил вкупно 120 денари во Среќното место МПМ – Жапон во Скопје. 

Тој, како што изјави, е повремен лото играч, а кога игра ги игра своите среќни броеви. Досега секогаш уплатувал систем од осум броеви, па токму затоа покрај добивката 6+1 е добитник и на една „шестка“ и шест добивки од пет погодоци. Парите не планира да ги потроши, туку да ги заштеди за во иднина.

Фондот за седумка за наредното коло на Новолото 7/34 на Државна лотарија на Македонија изнесува над 10 милиони денари, а извлекувањето е в сабота.