Свет
10. January 2018 - 18:42

Пад на вредноста на рипл

Вредноста на криптовалутата рипл (ripple), чиј код е ХРП, забалежа пад од 10 отсто и најверојатно ќе продолжи да паѓа.

Вредноста на рипл се намали за 1,62 долари по токен. Негативната спирала почна во понеделникот, кога платформата „Коин маркет“ одлучи да ги исклучи цените на некои криптовалути од своите податоци.

- Тоа најверојатно предизвика напад на паника кај многумина, изјави главниот програмер на Рипл, Давид Швартц.

Случувањата во „Коин маркет“ влијаеја и на многу други криптовалути, вклучително и биткоинот.

Рипл и натаму на пазарите има удел од 75,58 милијарди долари и е на трето место зад биткоинтот и етереумот.