Пад на вредноста на доларот поради намалување на кредитниот рејтинг на САД

Вредноста на американскиот долар забележа пад откако агенција Мудис (Moody’s) го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа11 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите трошоци за финансирање и планираните намалувања на даноците.
Доларот минатата недела забележа пад од 1,9 отсто во однос на шесте најважни светски валути.
Вредноста на еврото во однос на доларот забележа раст од 1,7 проценти односно едно евро се менува за 1,1360 долари. Американската валута забележа пад на вредноста во однос на јенот за 2,1 отсто – еден долар се менува за 142,55 јени.
Јавниот долг на САД изнесува околу 36,2 трилиони долари и би можел да се зголеми за уште 3,8 трилиони долари во следните десет години, бидејќи претседателот на САД, Доналд Трамп планира да ги намали даноците. Поради ова, приносите од американските државни обврзници значително се зголемија, што значи дека Владата мора да позајмува по повисока цена.
Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил, ако не се намалат владините трошоци.
Притисокот врз доларот се засили пред два дена, кога Трамп повторно и се закани на Европска Унија со царини од 50 проценти од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
