Пад на индустриското производство во јануари

Индустриското производство во јануари 2026 година е намалено за 6.6 % во однос на јануари 2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи пораст од 2.5 %, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 8.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2.8 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на одделите: текстил, облека, хемикалии и хемиски производи, основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производи од гума и производи од пластични маси, производство на метали, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, електрична опрема, машини и уреди, и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.2 %, Капитални производи за 5.2 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 10.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.9 %, додека пораст бележи кај Енергија за 2.5 %.
Ново на Сител
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
