Пад на британскиот извоз во ЕУ
Извозот на британски производи во Европската унија во јануари падна за повеќе од две петини, откако заврши преодниот рок за Брегзит.
Новите бројки од Заводот за национална статистика (ОНС) покажуваат дека вкупниот извоз од Велика Британија падна за 5,6 милијарди фунти (6,7 милијарди долари) – или пад од минус 19,3 проценти.
Увозот исто така падна, и тоа за вкупно 8,9 милијарди фунти (21,6 проценти), додека увозот од ЕУ падна за 6,6 милијарди фунти (28 проценти), покажуваат бројките.
Крајот на преодниот период се совпадна со ширењето на новата мутација на коронавирусот во Велика Британија, поради што на возачите на камиони им требаа тестови за да ја преминат границата на Ла Манш.
На почетокот на месецот исто така беше воведен уште еден национален карантин. Оттогаш, другите мерки покажаа дека трговското ниво делумно се обнови, јави ДПА.
Со оглед на тоа што во јануари вредноста на увозот падна повеќе од извозот, трговскиот дефицит за овој месец се намали за 3,7 милијарди фунти на 1,9 милијарди фунти.
Ново на Сител
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
-

Обвинителите бараат итна одлука од Уставен за намалените плати
-

ССК со предлог - Плаќање по саатнина за поголема продуктивност на работниците
