Пад на БДП од 1,8% во вториот квартал
Падот на брутодомашниот производ е одраз на политичките случувања во второто тромесечје кога економската активност на компаниите замре, а воедно и капиталните инвестиции на државата со кои преетходната влада ја стимулираше економијата, согласни се и стопанствениците и експертите.
Заводот за статистика објави дека по стагнацијата во првиот, економијата во вториот квартал имала значителен пад од 1,8%. Резултатот во најголема мера се должи падот во градежништвото кој достигнува 17,3%.
Загубеното ќе биде тешко да се компензира и најверојатно, по овие бројки, ќе треба да се ревидира проекцијата за раст за целата година, коментира академската јавност. Потребно е владата што поскоро да ги презентира и почне да ги спроведува своите економски проекти.
Гледано по расходниот метод, БДП во вториот квартал бележи раст кај финалната потрошувачка извозот и увозот, но она што го предизивкало падот на економијата се брутоинвестициите кои се намалиле за близу 20 проценти.
-
Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар