Живот
3. November 2018 - 21:59

Пациентка заминала на операција и по докторска грешка останала без еден орган

Морин Панчеко (53), со години трпела болки во половината кои се појавиле по сообраќајна несреќа во која учествувала кога била млада. Бидејќи болката не минувала и станувала се посилна, во април 2016. година таа решила да прави операција во медицинскиот центар Велингтон во Флорида.

Операцијата ја водел еминентен хирург со неколкудецениско искуство, докторот Рамон Васкез. На консултацијата пред операцијата, докторот препорачал во текот на зафатот да се спојат коските во тој дел од телото, што подразбирало и работа за ортопедски хирурзи.

Меѓутоа, во еден клучен момент кога доктор Васкез требало да се помести и да ги пушти своите колеги да работат, забележал хематом во карлицата и одлучил да го отстрани тоа што всушност бил бубрег на пациентката, пред да им дозволи на колегите да продолжат со операцијата, пишува „Дејли Мејл“.

По оперативниот зафат, се покажало дека Васкез не ги видел двете магнетни резонанци кои Морин ги направила пред операцијата, а на кои се гледало дека пациенката има бубрег соединет со карлицата. Тоа е резултат на бенигно, но необично, породилно нарушување.

Кога Морин се разбудила од анестезија, ја информирале дека по грешка и бил изваден бубрегот.

Скандалот предизвика двегодишна правна битка која во септември завршила со споразум. Поради нанесената штета, болницата на Морин и исплатила околу 500.000 долари – но сега на неа и претстои живот со еден бубрег, при што постои ризик од хронични болести на тој орган и негов застој.

Во меѓувреме до лекарската комора во Флорида поднесено е барање за одземање на работна дозвола на доктор Васкез, но до пресудата, тој нормално работи како лекар во болница. Дури во јануари годинава, бил назначен за главен хирург во медицинскиот центар „Палм Бич граденс“.

Пред овој настан, Васкез никогаш не бил обвинет за несовесно лекување, а неговите адвокати тврдат дека и во овој случај одговорноста е на другите членови на медицинскиот тим, кои требало да го информираат докторот дека пациентката има бубрег соединет со карлицата.