Пациенти со тешка форма на Ковид-19 позитивно реагирале на пробниот лек „Ремдесивир“ на компанијата „Гилиад“
Акциите на фармацевтската компанија „Гилиад“ во четвртокот ненадејно се се зголемија за 16 проценти на затворањето на берзанското тргување, а името на компанијата одеднаш блесна во американската јавноста откако од неа излегоа охрабрувачки податоци за експериментот со пробниот лек „Ремдесивир“ врз пациенти со тешка форма на болеста Ковид-19.
Болницата на Универзитетот во Чикаго, која учествува во антивирусна студија, соопшти дека е забележано брзо закрепнување од зголемената температура и респираторните симптоми и дека речиси сите пациенти биле испратени дома за помалку од една недела, посочува медицинскиот портал СТАТ.
Компанијата преку електронска пошта соопшти дека „е неопходно да се анализираат сите податоци за да се дојде до какви било заклучоци од експериментот“.
Болницата во Чикаго, исто така, во своја порака кажа дека „делумните податоци од клиничкото испитување по дефиниција се нецелосни и никогаш не треба да се користат за да се дојде до заклучоци“.
Универзитетот соопшти дека информациите биле добиени од внатрешен форум наменет за колегите истражувачи околу тековната работа и дека биле објавени без одобрение.
„Гилиад“, подоцна, во текот на овој месец, ги очекува резултатите од третата фаза од тестирање врз пациенти со тешка форма на Ковид-19, а дополнителните податоци од другите истражувања ќе бидат достапни во мај.
Во моментов нема одобрен лек за Ковид-19, високо заразна респираторна болест предизвикана од новиот коронавирус, што инфицираше повеќе од два милиони луѓе ширум светот.
Порталот СTAT наведува дека болницата во Чигаго во експериментот користела 113 доброволци со тешки случаи на Ковид-19, додавајќи дека повеќето од нив ја напуштиле болницата, а само двајца пациенти починале.
Интересот за експерименталниот лек на „Гилиад“ за време на пандемијата со коронавирусот е исклучително голем, бидејќи анализата на „New England Journal Medicine (НЕММ) покажа дека две третини од помалата група пациенти со тешки случаи на Ковид-19 забележале дека нивната состојба се подобрила по третманот со лекот „Ремдесивир“.
Акциите на „Гилиад“, кои на редовното тргување се затворија на 76,54 долари, по неколку часа скокнаа за 16 проценти, на 89,1 американски долари.
Ново на Сител
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот