Македонија
10. January 2016 - 13:24

Пациент побегнал од Бардовци - Го пронашле мртов во близина на болницата

Пациент од Психијатриската болница Бардовци, кој избегал пред два дена, вчера е пронајден мртов.
 
Телото на 62 годишниот Шакир Д. било пронајдено во близина на болницата кај пругите.
 
Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција која треба да ги утврди причините за настанатата смрт.