Кошарка
19. September 2017 - 8:35

Пабло Ласо продолжува со Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо, ја продолжи соработка со шпанскиот гигант на уште две години.
 
Ова ќе биде негова седма сезона на клупата на Реал. Актуелниот договор му истекува во 2018 година, а веднаш по истекот, ќе следи продолжување на соработката до 2020 година.
 
49-годишниот Ласо го предводеше Реал Мадрид до титулата европски првак во 2015 година, три титули шампион на Шпанија (2013, 2015, 2016), пет трофеи од Шпанскиот куп (2012, 2014, 2015, 2016, 2017) и три Суперкупа (2012, 2013, 2014).