Озонската дупка се намалува

Големата дупка во озонската обвивка над Антартикот покажува знаци на заздравување по три децении заедничка акција на светските влади, соопштија научниците.
Озонската обвивка е клучен дел на атмосферата која ги блокира штетните ултравиолетови зраци на Сонцето да допираат до Земјината површина. Без озонската обвивка, научниците веруваат дека стапката на рак на кожата кај луѓето и животните би била во пораст.
- Ние сега можеме да бидеме сигурни, дека работите кои сме ги преземале ја ставиле планетата на патот на заздравување. Тоа е многу добро за нас, зарем не? Ние направивме ситуација и колективно, како свет, рековме ајде да се ослободиме од тие молекули. Се ослободивме од нив и сега го гледаме одговорот на планетата, рече Сузан Соломон која го предводеше истражувачкиот тим на Институтот за технологија во Масачусетс.
Соломон имаше голема улога пред 30 години кога озонската дупка беше откриена. Огромната дупа во озонската обвивка над Антарктикот е откриена во 1985 година.
Озонската дупка стана голем симбол на способноста на човештвото да влијае на животната средина, па 196 нации во 1987 година потпишаа ветување дека ќе го ограничат производството на фреон во договорот познат како Монтреалски протокол.
Сега научнциите тврдат дека озонската дупка значително е намалена, за четири милиони квадратни километри во однос на нејзиното највисоко ниво, кога во 2000 гоина беше на својот врв. Ова се првите знаци на „заздравување“ на антарктичката озонска обвивка предизвикана од Монтреалскиот протокол, а тоа е и мислење на научниците.
Ново на Сител
-

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
-

Пет лица загинаа откако карго-авион на „Амазон“ се урна на аеродром во САД | ВИДЕО
-

Трамп предлага сојузната држава Њу Мексико да се вика „Нова Америка“
-

Денеска ќе биде погребан Ратко Младиќ
-

Сончево и топло со температура до 35 степени
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
