Озил ја спасува маскотата на Арсенал со голем гест
Играчот за врска на Арсенал, Месут Озил, овојпат ги освои навивачите на својот тим, откако понуди да ја плаќа платата на отпуштената маскота од Лондон.
Вчера, приврзаниците на тимот беа разочарани од информацијата дека Џери Кај, кој 27 години го носеше костумот на славниот „Ганерсаурус“, беше меѓу 55 отпуштени лица од клупскиот персонал.
Сепак, Озил ги презеде работите во свои раце и преку социјалните мрежи се понуди да ја исплати платата на маскотата, додека самиот Германец сè уште е фудбалер на „топџиите“.
– Бев многу тажен кога дознав дека Џери Кај, познат како нашата позната и лојална маскота „Ганерсаурус“, беше отпуштен откако беше 27 години интегрален дел од нашиот клуб. Затоа, предлагам да му ја надоместам на Арсенал целата плата за нашето големо зелено момче се додека јас сум играч на Арсенал, напиша Озил.
Ново на Сител
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
