Македонија
2. May 2020 - 14:56

Оздравени се 45 пациенти, потврдени се 15 нови случаи на Ковид 19, почина 1 лице

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-25, Прилеп-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска за прв пат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на ковид-19. На оваа клиника почина еден пациент, 61 годишен од Струга, со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста, хоспитализиран од 24 април, а испишани се 8. Во моментов се хоспитализирани 39 пациенти, од нив 20 потешко болни и на кислородна поддршка и 1 критично болен пациент на механичка вентилација.

Во изминатите 24 часа направени се 199 тестирања, а потврдени се 15 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1.
Лабораторијата на Жан Митрев достави допис со исправка до ИЈЗ за позитивни резултати на 3 лица (2 од Скопје и 1 од Битола) пријавени на 24 април. Трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е  најверојатно контаминација на материјалот. Кај трите лица лабораторијата во Жан Митрев уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резулатати се негативни.   

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1506, бројката на оздравени пациенти е 852 , на починати е 82, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 572. Последната дистрибуција по градови е следна:
•       Скопје – 509
       Куманово - 400
       Дебар – 51
       Штип-34
       Прилеп –157
       Тетово – 85
       Струга – 67
       Велес – 77
       Битола –19
       Охрид –15
       Кавадарци – 5 
       Гостивар –17
       Гевгелија – 4
       Струмица – 2
       Крива Паланка-5
       Радовиш - 4
       Крушево – 3
       Кочани – 31
       Пробиштип – 2
       Кичево – 2
       Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
       Демир Хисар – 1
       Македонски Брод -2
       Пехчево- 2
       Делчево-1
       Валандово -1
       Виница - 2

Направените 199  теста се преку: ИЈЗ –179, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  - 10 и МАНУ -10.  Досега во земјата се направени вкупно 16997 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 29. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште тројца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 47 позитивни и суспектни на ковид-19.