Озборн : Брегзит ќе предизвика „црна дупка„ во британскиот буџет од 30 милијарди фунти

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн изјави дека доколку гласачите се определат за Брегзит, владата ќе мора да изработи вонреден буџет со кој ќе мора да се пополни големата „црна дупка“ од 30 милијарди фунти, што ќе го предизвика напуштањето на ЕУ.
Според министерот Озборн, со вонредниот буџет ќе мора да се изврши и зголемување на даноците, посено оданочувањето на приходите и при наследувањето имот, но и да се скратат издвојувањата за јавното здравство.
Ова е прв пат министерот Озборн да предупредува на последиците што Британците ќе мора да ги поднесат во случај на напуштање на Унијата.
Финансиски експерти меѓутоа од порано укажуваа дека операцијата Брегзит не може да биде само-политичко-техничка операција за „ослободување„ на земјата од „туторството на ЕУ„ како што тоа го прикажуваат активистите на кампањата за изез од Унијата, затоа што таа ќе создаде празнина во буџетот, што било која влада ќе мора да ја пополнува со вонредни мерки.
Министрите кои бараат Брегзит, реагираа со осуда на предупредувањето од министерот Озборн, повторувајќи ја вообичаената формулација дека владата е во „паника и го плаши народот„.
Посматрачите во Лондон забележуваат дека и на осум денови пред референдумот, оние кои заговараат излез од ЕУ одбиваат да зборуваат за економијата и за последиците од Брегзит врз граѓанте и нивното секојдневи, ветувајќи им само дека земјата ќе се ослободи од мигрантите од земјите чланки на ЕУ, кои се прогласени за главната закана за британските социјални фондови.
Најновото предупредување од министерот Џорџ Озборн предизвика реакција на триесетина пратеници од владеачката Конзерватива партија кои му порачаа на министерот дека ја ризикува функцијата, доколку се одлучи да крати од средствата за јавното здравство.
Ново на Сител
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
-

ЕУ постигна договор за олеснување и одложување на дел од правилата за вештачка интелигенција
-

Најстудено во Берово, а најтопло во Демир Капија, Скопје и Тетово
-

Во Кривичен денеска пресуда за Стојанче Јовановски за трагедијата од 2 март
-

Скопје домаќин на Регионална министерска конференција за демографските предизвици
-

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, во официјална посета на земјава
-

Иран го разгледува американскиот предлог додека Трамп вели дека војната ќе заврши „брзо“
