Свет
27. јуни 2016 - 9:34

Озборн: Без сомневања за нашата дискална стабилност

Никој не треба да се сомнева во непоколебливоста да ја задржиме фискалната стабилност, изјави денеска британскиот министер за финансии Џорџ Озборн.

– Британската економија може да се соочи со тоа што ја очекува. Државата ќе го активира Член 50 кога ќе биде подготвена за тоа, додаде Озборн.

– Само Британија може да го активира Членот 50. Според мене, ние треба да го направиме тоа само откако ќе имаме јасна визија за новите договори што ќе се обидеме да ги постигнеме со нашите европски партнери, додаде тој.

Озборн дополни дека британската економнија е подготвена да се соочи со тоа што и носи иднината во момент кога играчите на финансиските пазари стравуваат од последиците од брегзит.