Македонија
14. August 2023 - 12:30

Овошје и зеленчук се помалку на пазарите

Побарувачката ја надмина понудата. Овошје и зелечук се помалку на пазарите, а тоа што го има е со послаб квалитет. Младите не сакаат да се занимаваат со земјоделие, а повозрасните не можат самите да ги обработуваат површините кои некогаш ги засадувале.

- Доволно производство нема повеќе никаде и има минимални количини, бидејќи нема доволно млади луѓе да работат, а постарата генерација работи, но не може да направи доволни количини. Ако се саделе десет фолии, сега садат пет или две- изјава земјоделец.

Дополнителен проблем создадоа и временските прилики. Топлотниот бран го десеткуваше производството на дињи, лубеници и на градинарските култури, а некои земјоделци претрпеа штети и од неодамнешното невреме проследено со врнежи од град.

- Многу беше жешко, на 50 степени се ќе изгори, џабе да наводнуваш. Производството е слабо. Значи нема доволно производство и нема доволно квалитетна роба. Ако треба од еден декар да набереш 2 тони, ќе набереш 300 килограми. Оваа година ќе биде многу тешко, ќе нема доволно храна-  изјави земјоделец

Цените стагнираат или растат, а куповната моќ на граѓаните од ден на ден опаѓа.

- Многу е скапо, кога гледам дека црвената пиперка е 80 денари килограм, за „утре“ да правиме ајвар не можеме ниту да замислиме, а пензиите какви ни се- изјави АНКЕТИРАНА ШТИПЈАНКА

Најзастепени и најпродавани на зелените пазари се доматот, пиперката и сезонското овошје.