Овој тест со нокти се користи за рано откривање на рак на белите дробови
Раниот знак на рак на белите дробови може да се види на ноктите. Еве што треба да направите!
Свиткајте ги показалците од левата и десната рака, така што ноктите да се свртени еден кон друг и целосно притиснете ги еден до друг. Дали гледате мал прозорец во форма на ромб помеѓу корењата на ноктите? Ако видите, тоа е добар знак!
Овој тест се користи за откривање на ран знак на карцином на белите дробови. Кај луѓето кои не го гледаат овој „прозорец“, ноктите се испакнати, свиткани и ова може да биде можен симптом на карцином на белите дробови.
Според истражувањето, свиткување на ноктите се јавува кај 35 проценти од пациентите со рак на белите дробови кои не се мали клетки и кај 4% од случаите на заболување на белите дробови со мали клетки.
Кај заоблените нокти, коренот на ноктите станува мек, а кожата околу ноктите свети, додека гледајќи од страна, јагодиците на прстите може да делуваат поголеми.
Се разбира, ако го направите овој тест и не гледате „прозорец“, не значи дека дефинитивно страдате од карцином на белите дробови, но ако вашите нокти се криви, треба да посетите лекар.
Симптоми на карцином на белите дробови кои никогаш не треба да се игнорираат вклучуваат постојана кашлица која никогаш не заминува или се влошува после две до три недели, повторливи инфекции на белите дробови, кашлање до крв, дишење или болка во кашлање, скратен здив, недостаток на енергија, губење на апетит, ненадејно и необјаснето губење на тежината.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228