Македонија
7. November 2016 - 14:53

Овие скопски населби утре ќе останат без струја

Поради технички зафати во електро - мрежата утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Центар, Чучер Сандево, Ѓорче Петров, Сопиште, Сарај, Шуто Оризари и Кисела Вода, информираат денеска од РЦУК на Град Скопје.

Од 8:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат улиците „Живко Чинго“ и „Радњанска“ во општина Центар, од 12:00 до 14:30 часот ул. „Истарска“ на делот позади Олимписки базен во Центар, а од 9:30 до 15:00 часот селата Малино, Танушевци и Брест во општина Чучер Сандево.

Од РЦУК на Град Скопје информираат дека од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат и дел од улиците „Арсо Мицков“, „Пекљане“, „Антон Чехов“, „Тиранска“, „Пелинце“ и „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров, од 9:00 до 11:30 часот с. Сопиште – улица 31 во општина Сопиште, од 10:30 до 14:00 часот с. Глумово во општина Сарај, од 16:00 до 18:00 часот ул. „Македонија“ бр. 16 во општина Центар, од 9:00 до 15:00 часот дел од улиците „Нов Живот“, „Страцинска“ и „Вашингтонска“ во Шуто Оризари, с. Долна Арнакија во општина Сарај, ул. „Востаничка“ во делот меѓу улиците „Банско“ и „Христо Узунов“ и дел од ул. „Ениџе Вардарско“ во општина Кисела Вода и ул. „Владимир Полажановски“ и ул. „20-ти Октомври“ во општина Центар.