Овие намирници можете да ги јадете и кога ќе им помине рокот!
Стручњаците откриваат кои намирници е безбедно да се јадат некое време откако ќе им помине рокот
Постојано фрламе храна само затоа што на етикетата пишува дека им поминал рокот. Меѓутоа грешиме, тврдат стручњаците кои откриваа кои намирници е безбедно да се јадат некое време откако ќе им помине рокот.
Чоколадо
На чоколадото откако ќе му помине рокот можат да се појават бели точкички, но не грижете се станува збор за кристализиран шеќер. Слободно јадете, иако можеби нема да биде ист вкусот како кога е свежо.
Чипс
Исто така, ја губи свежината, но е безбеден за грицкање и тоа благодарение на огромното количество сол. Сепак, најдобро е да не чекате да поминат повеќе од три недели по истекот на рокот.
Кашкавал
Единственото кашкавалите како чедар и пармезан можат да се јадат по истекот на рокот, и тоа од три до шест недели. Камембер и кремастите намази јадете ги во рокот. Исто така, откако ќе ги отворите консумирајте ги во рок од една недела.
Кекс
Благодарение на конзервансите кексот е безбеден и два месеци по истекот на рокот. Но го губи вкусот. Крцкавоста ќе ја вратите ако го загреете во рерна.
Мед и џем
Големото количество шеќер ги чува медот и џемот од расипување, па слободно јадете ги и тогаш кога средината ќе се згусне.
Паста
Нејзиниот рок е неограничен се додека ја чувате како што треба. Кога ќе ги отворите макароните или шпагетите, остатокот сместете го во сад во кој не влегува воздуг за да го зачувате производот од влага.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест