-->
-->
Овчар се здобил со струен удар обидувајќи се да ги спаси овците
-->
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, 54-годишен маж од Скопје пријавил дека во селото Говрлево додека ги напасувал неговите овци забележал како три овци движејќи се покрај патот паднале. При обид да ги извлече се здобил со мал струен удар без последици, при што пријавителот забележал бакарна гола жица закачена на бандера за струја во дворно место од викенд куќа сопственост на Т.Т.(58) од Скопје.
Од екипа од ЕВН било констатирано дека е извршена кражба на електрична енергија и дека голата бакарна жица била под напон од електрична енергија, по што електричната енергија била исклучена, а документирана кражба на електрична енергија. Увид на местото на настанот ќе изврши екипа од СВР Скопје во текот на денешниот ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива