Оваа шеговита слика од таблата Негорци - Прдејци ги спаси од непријатности на аеродром
Шеговите фотографиј пред патоказната табла Негорци - Прдејци една брачна двојка поштедила од непријатности на шведскиот аеродром Стуруп. Тие пред да влеза во авионот за Малме на последната контрола биле задржани од млад полицаец.
Имено тој не сакал да ги пушти да полетаат зошто во нивните пасоши немале доказ дека ја напуштиле Грција.
Агонијата на брачната двојка траела повеќе од 10 минути зошто цариниците не им удриле печат и така немале доказ/
По некое време, полицаецот се сетил и прашал дали можеби имаат фотографии од телефонот со соодветен датум. Тогаш на мажот му текнало...
Фотографијата од насмеаната двојка на кои во позадина им е таблата со ознака за македонските села Негорци и Прдејци била вистинскиот доказ кој им бил потребен.
Сопругот Владимир Вјестиќ ја сподели оваа информација на Фејсбук за да ги потсети сите што патуваат да инсистираат полицијата да им става печат со датум за да немаат вакви проблеми.
Ново на Сител
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата
-
Царинските службеници запленија техничка стока, цигари, електронски цигари, лековити билки
-
Тројца тинејџери биле приведени вчера откако кај нив полицијата пронашла марихуана
-
Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург: Иднината на Македонија е во ЕУ, посветеноста ја докажавме со бројни отстапки и чекори
-
Осум лица аплицираат за две места во ДИК
-
Муцунски: Подготвена нацрт - верзијата на Законот за надворешни работи, која наскоро ќе биде презентирана во јавноста