Живот
20. јуни 2016 - 9:42

Оваа промена во исхраната ќе ви го направи сексот 100 пати подобар

Една проста промена во исхраната може не само да го промени вашиот сексуален живот кон подобро, туку и да ви помогне да ги намалите килограмите и да спиете подобро. Ова е заклучокот од истражувањето објавено во списанието „Јама интерна медицина“.

Станува збор за студија која се спроведувала две години, во текот на кои 100 просечни и подебели мажи и жени го намалиле внесот на секојдневни калории за 25 проценти. Резултатите потоа биле споредени со оние на исто толкав број на лица кои не направиле никаква промена во исхраната.

Во просек, лицата што внесувале помалку калории изгубиле 8 килограми, потврдиле дека спијат поквалитетно и дека имаат зголемена желба за секс.