Оваа мала принцеза се избори за својот живот, за да ја стоплат ја ставиле во кесичка од сендвич
Пикси е родена на само 28 недели и тоа со итен царски рез. Никој не мислел дека бебето ќе преживее, но се случило вистинско чудо.
Откако ја породиле мајката, Шерон, температурата на плодот почнала да опаѓа, па за да ја спасат ја обвивкале во кесичка од сендвич.
Подоцна, Пикси која била полесна од половина кесичка шеќер и помала од дланката на мајка и, ја префрлиле на интензивна нега, каде што докторите очекувале да живее само еден час. Но, за среќа, Пикси успеала да порасне и сега има пет месеци и за прв пат ја пуштиле да расте во својот дом.
– Откако се роди, докторите и ставија капа и ја пикнаа во кесичка за да и биде топло, изјавила мајката.
Таа била приморана да се породи пред време, бидејќи преку прегледи се открило дека бебето престанало да расте во матката.
– Плацентата и папочната врвка не го хранеа плодот добро. Лошо беше што мораше постојано да го проверувам и слушав само ужасни работи, се потсетува мајката.
Пикси три месеци била во инкубатор, а Шарон не можела да ја држи 18 дена бидејќи кога и да ја кревала, таа губела тежина. Откако порасна, можеле да ја држат во раце само по еден час на ден. Сега веќе е дома и изгледа како вистинско новороденче.
Ново на Сител
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот