Оваа година ќе биде најтопла откако се мери температурата

Податоците кои ги објавила американската Национална администрација за океани и атмосфера, покажуваат дека првите шест месеци оваа година биле во просек најтопли во последните 136 години.
Просечната температура за јуни на светско ниво изнесувала 16,33 степени, што е за 0,12 степени повеќе во однос на минатогодишниот рекорд. Јуни, оваа година, според просечните температури на планетата, бил најтопол уште од 1880-тата година од кога се вршат мерењата.
Овој јуни просечната температура била 0,88 Целзиусови степени повисока од просекот во 20-сеттиот век. Надминат е рекордот од минатогодишниот јуни, кога температурата била 0,12 степени над просекот.
Според податоците на американската институција, температурниот рекорд е поставен и кога се посматра полугодишниот период јануари-јуни.
Оваа година за периодот јануари-јуни просечната температура на копно и на океаните била за 0,85 Целзиусови степени повисока од едновековниот просек и највисока уште од 1880-тата година.
Досега полугодишен рекорд бил забележан во 2010-тата година, кога температурата била 0,09 Целзиусови степени повисока од просекот од 1880-тата година.
Портпаролот на американската Национална администрација за океани и атмосфера истакна дека во иднина се очекува уште поголем раст на температурата, што може да има катастрофални последици.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
