Ова трите најзлобни хороскопски знаци од кои треба да се пазите

Доколку добро ги познавате овие три хорскопски знаци и знаете што сакаат, а што не, можеби и би можеле да не ја откриете нивната темна страна, но ако направите само 1 погрешен чекор, големи се шансите дека ќе зажалите за тоа. Еве за кои знаци станува збор...
Риби
Иако ви се смешкаат пријатно за време на забавите, низ главата на Рибите поминуваат мисли за тоа како би можеле да прават различни видови експерименти со вас. Можеби дури и би замислувале како ви ги вадат очите. Доколку станува збор за лична корист, тие би можеле да лажат до бескрај. Исто така лесно ги откриваат слабите точки на оние околу нив и често играат на картата за сожалување. Всушност тие толку многу се соживуваат со оваа улога на „жртва“ што можно е да си поверуваат и самите себеси. Но, сепак никогаш не забораваат на своите скриени намери. Откако ќе ја остварат својата цел, тие ќе исчезнат од вашиот живот, а вие дури тогаш ќе откриете дека нивниот идентитет бил лажен.
Јарец
Да познавате Јарец е исто што и да го познавате ѓаволот лично. Дури и да ви се слоши и да се срушите на сред улица пред неговите нозе, тој едноставно ќе ве прескокне, нервозно затоа што се дека сте му го попречиле патот. Парите го движат неговиот свет, па токму затоа и тој е длабоко поврзан со нив. Неговите емоции кон живите суштества се ограничени, па токму затоа и на неговото ледено лице нема да можете да воочувате никакви чувства.
Скорпија
Скорпијата е исклучително чувствително суштество кое кога вистински знае да сака, во целост се предава на својот партнер. Вистината е дека Скорпијата знае да биде незгодна, но доколку се водите според нејзините правила и не ја изневерите или повредите, нема никогаш да ја запознаете нејзината темна страна. Од друга страна пак, ако си играте со оган, таа од вашиот живот ќе направи вистински пекол.
Ново на Сител
-

Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
-

Приведен скопјанец по кражба на паричник од 72-годишна жена
-

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
-

Мицкоски: По две години успеваме да го консолидираме и земјоделството каде што наследивме катастрофа
-

Путин му го честиташе на Трамп Денот на независноста
-

Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
