Ова слатко девојче било напуштено од својот татко кога имала 2 месеци - денес е најпопуларна ѕвезда
Родена е во 1988 година, а нејзината мајка тогаш имала 18 години. Британската мега ѕвезда Адел, останала без својот татко кога имала само 2 месеци.
Во 2009, Адел освоила две Греми Награди, за Најдобар Нов Артист и Најдобра Женска Поп Вокална Изведба, на 51-и Греми Награди.
Адел го привлекла вниманието на XL Recordings со три демо песни кои ги испратила на MySpace и подоцна потпишала договор со издавачката куќа. Уште од својот прв албум, 19 таа добила многу пофалби и позитивни критики. Албумот се искачил на прво место и има добиено три пати платинумска сертификација во Обединетото Кралство.
Адел го издала својот втор албум 21 на 24 јануари 2011 во Обединетото Кралство и на 22 февруари во САД 21 имал голем комерцијален успех, продавајќи 208,000 копии во првата недела во Обединетото Кралство и искачувајќи се на Табелата за Албуми во Обединетото Кралство Албумот исто така се искачил на прво место на Билборд 200 во САД, продавајќи 352,000 копии во првата недела. 21 исто така се искачил на прво место и во 17 други европски држави.
Ново на Сител
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО
-
Вучиќ: Армијата е речиси целосна екипирана, одлучено е да се продолжи со концептот на дигитална армија
-
Ристески: Построги стандарди за заштита и безбедност за физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност
-
Демант од МВР на наводи од Левица
-
Вашингтон врши притисок врз Пекинг да го спречи Иран да го блокира Ормутскиот теснец
-
Тунелите на нуклеарниот комплекс Исфахан и погонот Фордо се оштетени во американските напади